Дорси: Најмногу жалам што Twitter стана компанија

од Vladimir Zorba

Основачот и поранешен извршен директор на Twitter, Џек Дорси, на социјалната мрежа напиша дека жали што таа станала компанија.

„Мојот најголем проблем и најголемо жалење е што Twitter стана компанија“, напиша Дорси на прашањето дали на крајот Twitter станал она што тој го замислил.

Дорси треба да добие 978 милиони долари доколку се оствари договорот за купување на Twitter од милијардерот Елон Маск.

Запрашан под која структура би сакал Twitter да работи, Дорси рече дека тоа треба да биде „протокол“ и дека не треба да биде во сопственост на земја или друга компанија, пишува Ројтерс.

Ако беше протокол, Twitter би функционирал слично како е-пошта, што не е контролирано од централизиран ентитет, а луѓето што користат различни провајдери на е-пошта можат да комуницираат меѓу себе.

Twitter во последно време е зафатен од многу проблеми.

Компанијата го тужеше Маск затоа што се откажа од неговата понуда од 44 милијарди долари за купување. Поранешен вработен во компанијата пак, го обвини Twitter дека ги довел во заблуда регулаторите за неговите безбедносни мерки против хакери и спам сметки.

Слични содржини