Доставувач го убил кучето на позната актерка

од Симе Стоиков
278 прегледи

Доставувач од компанијата „Инстакарт“ го застрела кучето на американската актерка Енџи Хармон додека и доставуваше намирници во американската сојузна држава Северна Каролина, објави денеска „Скај Нјус“.

Хармон на Инстаграм напиша дека доставувач и испорачал храна во саботата наутро, а потоа го застрелал нејзиното куче.

Полицијата го ослободила откако тврдел дека тоа го направил во самоодбрана, иако, како што рече, немал гребнатини или каснувања.

Актерката изјавила дека нејзиното семејство било уништено од убиството на нејзиниот миленик, германски овчар.

Полицијата во Северна Каролина потврди делови од нејзината приказна, но соопшти дека не е уапсени никој и не е покренато обвинение.

Компанијата Инстакарт објави дека го суспендирала доставувачот од работа поради инцидентот.

Слични содржини