Дозволата за евтаназијата на млада Холанѓанка предизвика контроверзии

од Илинка Илиоска
561 прегледи

Зораја тер Бик, 29-годишна жена од Холандија, има одобрена дозвола за евтаназија поради тешки ментални болести кои ја водат кон неподносливо страдање. Очекувано, нејзиниот случај предизвика широка дебата во Европа за правото на евтаназија. На Тер Бики  беше дозволено да го заврши својот живот под медицински надзор, откако поминала низ процес кој траел повеќе од три години, во согласност со холандските закони усвоени во 2002 година.

Иако евтаназијата за лица со психички заболувања е ретка во Холандија, случаите се зголемуваат, со 138 случаи во 2023 година, во споредба со само два во 2010 година. Извештајот за нејзиниот случај предизвика контроверзии и широко беше известувано за него, што ја стави Тер Бик во центарот на вниманието.

Тер Бик изрази разбирање за контроверзноста околу нејзиниот случај и потпомогнатото самоубиство воопшто, истакнувајќи дека менталната болест не ја оневозможува личноста да донесе одлука. Таа исто така ги адресираше загриженостите за безбедноста на процесот, потенцирајќи дека холандскиот закон има строги протоколи кои се следат.

„Луѓето мислат дека кога сте ментално болни не можете да размислувате правилно, што е навредливо“, изјави таа за „Гардијан“.

Според холандските закони, лицето мора да се соочи со „неподносливо страдање без перспектива за подобрување“ за да се квалификува за евтаназија. Тер Бик, која се борела со хронична депресија, анксиозност, траума и пореметување на личноста, и била дијагностицирана со аутизам, се обидела да се лекува преку различни третмани, вклучувајќи и електроконвулзивна терапија, но без успех. Нејзината одлука да пристапи кон евтаназија доаѓа по долг период на борба и разочарување од неуспешните обиди за подобрување.

Слични содржини