Драма на Сава: Жена паднала во вода, случаен минувач сакал да помогне, па двајцата ги спасувале

од Илинка Илиоска
54 прегледи

Сношти на мост на реката Сава во Загреб се одвивала вистинска драма. Како што пренесува Индекс, околу 22 часот пожарникарите добиле дојава дека треба да извлечат лице кое се лизнало од насипот откако полицајците не успеале да го извлечат.

Подоцна било утврдено дека всушност се работи за две лица.

Имено, една постара госпоѓа паднала во Сава, а на помош и пришол помлад маж, кој скокнал по неа.

Меѓутоа, тој дел од Сава е многу непристапен, па единствен начин да се стигне до нив бил воден. Затоа, спасувачите користеле џет ски за да ја спасат постарата госпоѓа и младиот човек.

На местото на настанот биле присутни и итните служби кои веднаш им укажале лекарска помош.

Слични содржини