317
Млад маж вооружен со огнено оружје е виден во близина на училиштето Ото Хан во Хамбург. Како што прво соопшти полицијата, тој наводно влегол во училиштето, пренесува Зидојче цајтунг.
– Областа околу училиштето е затворена. Се зборуваше дека млад човек вооружен со пиштол влегол во училишната зграда, се наведува во твитот.
Полицијата во подоцнежниот твит додаде: „Не е јасно дали вооружениот напаѓач навистина влегол во зградата или само тргнал во правец на училишната зграда“.