Драма во Загреб: Ученик направил список за отстрел на соученици

Да биде ситуацијата полоша, тој го стутка првиот список, направи и нов со името на класната раководителка, вели мајката еден ученик.

од Бети Божиноска
196 прегледи

Шокантен случај се случил во основно училиште во Загреб, пренесува net.hr.

Хрватското Министерство за наука и образование било известено за случајот со ученик кој составил список на ученици кои требало да бидат застрелани, а заканата ја поткрепил со фотографија со оружје.

Загрижени родители повикале полиција која дошла во училиштето и направила извештај, а за случајот бил известен и просветниот инспекторат кој го извршил надзорот. Родителите сметаат дека директорката не реагирала навремено, а вечерва за се ќе се расправа на седницата на Советот на родители.

„Да биде ситуацијата полоша, тој го стутка првиот список, направи и нов со името на класната раководителка. Родителите се плашат, и децата – што ако тоа момче излезе надвор, дојде на училиште, не добиваат никаков одговор“, вели мајката еден ученик.

Вишиот советник за социјални педагози и превентивни програми на национално ниво, Алма Ровис Брандиќ, од Агенцијата за наука и образование, вели:

„Доаѓаме и до стручниот педагошки надзор на училиштето, каде што се бараат пропусти и се преземаат мерки. Сериозно соработуваме со министерството и со просветната инспекција. Би ја истакнала важноста на превенцијата – а превенцијата е дејствување пред да се оствари ризикот и во оваа област најчесто наоѓаме пропусти “.

Слични содржини