Драматична потрага на Алпите: Можно е шестиот исчезнат скијач да е жив

Шефот на „Ер Зермат“, Ањан Труфер, главниот спасувач ангажиран да ја пронајде групата, вели дека неговиот тим претходно спасувал луѓе кои со денови се водат за исчезнати

од Бети Божиноска
277 прегледи

Спасувачите кои очајнички трагаат по шестиот исчезнат скијач на швајцарските Алпи векат дека „чуда навистина се случуваат“ откако го пронајдоа ранецот и скиите на човекот покрај телата на петте други скијачи кои пресмрзнаа до смрт по бруталната бура викендов, прекесува „Блик“.

Шефот на „Ер Зермат“, Ањан Труфер, главниот спасувач ангажиран да ја пронајде групата, вели дека неговиот тим претходно спасувал луѓе кои со денови се водат за исчезнати, давајќи трошка надеж дека исчезнатиот скијач можеби се уште е жив.

„Ги најдовме исчезнатите неколку дена подоцна… чуда секогаш се случуваат,“ рече тој, откако портпаролот на локалната полиција Даниел Имбоден изјави за „Блик“ дека останува надежта дека и последниот човек можеби го преживеал невремето.

Швајцарските медиуми шпекулираат дека исченатиот скијач можеби паднал во блискиот расцеп, имајќи предвид дека биле пронајдени неговиот ранец и скии, но спасувачите не можеле визуелно да го лоцираат.

„Областа е полна со расцепи – можеби паднал во близина на други членови на групата. Но, ова се само претпоставки,“ посочува Труфер.

Претходно, тој опиша како неговиот тим открил пет смрзнати тела расфрлани низ планината.

„Прво најдовме две лица како лежат на снегот, многу смрзнати. Благодарение на звучните столбови и локаторите на лавини, подоцна најдовме уште две лица како лежат под снежната покривка. Моравме да ги ископаме со лопата. Кога ги најдовме луѓето, тие беа многу лесно облечени… завршиле дезориентирани на голема надморска височина,“ изјави тој за швајцарското издание НЗЗ.

Тој додаде дека скијачите неуспешно се обидувале да ископаат некаква пештера и да се заштитат од невремето на температури од -30 степени Целзиусови и со силен ветер.

„Тоа во суштина била добра идеја, но групата ја немала со себе потребната опрема, Имале лопати, но тие се премногу лесни за со нив да може да се стори нешто на оваа огромна снежна прекривка,“ заклучува Труфер.

Властите се уште не го потврдија идентитетот на сите загинати од групата, но пријателите и колегите на социјалните мрежи ги именуваа двете жртви како Жан-Венсан Мо и неговиот брат Давид. Уште еден братучед, Марк Моа, и вујко биле меѓу скијачите заедно со шестото лице идентификувано како 28-годишната дипломирана правничка Емили Дешено, пријателка на Давид.

Се уште не е јасно кој член од групата го нема.

Слични содржини