27
Изградбата на станови во Германија никако не излегува од длабок застој – статистиката од четвртокот покажува дека бројот на барања за градба тоне и можно е годината да биде рекордно ниска, пренесува германската новинска агенција „dpa“.
Во мај властите издале 17.800 одобренија за изградба на станбени единици, за четвртина помалку од мај минатата година, објави Државниот завод за статистика.
Бројот на одобренија во првите пет месеци од 2024 година, со околу 89.000, е за 21,5 отсто помалку во однос на истиот период лани, односно за 24.000 станбени единици помалку.
Бројките сугерираат дека целта на владата од 400.000 единици годишно сега ќе падне на дури 260.100 во 2023 година. Што е најниско од 2012 година.