ДС: Да ги помогнеме земјоделците

од Берта Китинска

Од Демократскиот сојуз предлагаат Владата на Македонија на дневна основа да ги следи состојбите во Украина и да презема мерки за ублажување на последиците, со цел животот да се одвива нормално и да се води сметка за социјално загрозените категории на граѓани.

-Во оваа насока посебно е битно да се поттикне производството на стратешки производи: пченка, јачмен, репка, ориз, како и одгледување на сточен фонд.Цените на нафтата и гасот треба да се одржуваат во прифатливи рамки преку намалување на ДДВ и акцизите.Во овие неизвесни состојби посебно за извоз на раноградинарски производи, ги повикуваме граѓаните да ги купуваат истите, се со цел да се намалат штетите и опстои производството, информираат од ДС.

Оттаму велат дека војната во Украина можно е да трае подолго, поради што неопходно е државните институции да се подготват за дејствување во сложени состојби, додавајќи дека Европската Унија во овој момент треба да направи исчекор и да ги отвори преговорите за полноправно членство на Македонија во ЕУ.

Слични содржини