Дуа Липа прави фестивал во Приштина: Кога живеев таму, никој не сакаше да дојде

од Симе Стоиков
359 прегледи

Дуа Липа зборуваше за своето влијание, за своето детство и за плановите кои планира да ги оствари во блиска иднина.

Како една од највлијателните јавни личности, Дуа Липа во големото интервју за Тајм проговори за себе и за своите планови.

Во опширното интервју Дуа Липа меѓу другото зборува дека нејзиниот сон е да организира музички фестивал во Приштина.

На овој начин, како што откри таа, ќе се обиде да ја промени свеста кај луѓето за Косово.

„Кога луѓето размислуваат за Косово, не сакам тоа да биде само: „Ох, уништено од војна Косово. Има многу повеќе во тоа“, рече Дуа Липа.

Таа ќе се обиде да го оствари својот сон со помош на нејзиниот татко.

„Правиме фестивал во Приштина, јас и татко ми. Сакаме да ги „натераме“ луѓето од целиот свет да дојдат и да видат колку е различно од она што тие го очекуваат, без разлика дали се работи за уметници од целиот свет или обожаватели кои доаѓаат. Сакаме луѓето да ги видат уметниците што ги сакаат, знам дека ниту еден од моите омилени уметници не доаѓаше таму додека јас живеев. Мојот најголем сон е да можам да им го донесам тоа на децата таму“, изјави Дуа Липа.

Слични содржини