271
Дуа Липа успеа со една фотографија да разбесни илјадници Срби. Британската пејачка, со албанско потекло, објави фотографија на која се прикажани двоглав орел и државата Косово и на Косоварите им честиташе 12 години независност.
Дуа Липа својата објава ја украсила со жолти и сини срциња и хаштаг на албански јазик.
На Србите не им требаше многу па навалија на објавата на познатата пејачка и почнаа да ја навредуваат, пцујат и да ја навредуваат на српски јазик, објаснувајќи дека Косово е всушност Србија.
Албанците и Косоварите пак, беа воодушевени од објавата на пејачката и ѝ се заблагодарија што се сетила на важната годишнина.