Властите во Дубаи одлучија да депортираат група странски туристи вклучени во снимање голотија на балконот на облакодер, со проценка дека станува збор за сериозно кршење на прописите во Обединетите Арапски Емирати.
Група голи жени му позираа на фотографот минатата недела на балконот над марината во Дубаи, пред станарите на околните згради, а снимките од оваа фотосесија ги обиколија социјалните мрежи, објави Ројтерс.
„Сите учесници на овој настан ќе бидат депортирани“, потврди државниот обвинител во Дубаи, Есам Иса Ал Хумајдан, во билтенот од градската канцеларија за односи со јавност.
Локалната полиција минатата недела потврди дека учесниците во инцидентот биле уапсени, предупредувајќи дека „ваквото лошо однесување е неприфатливо и не ги одразува вредностите и етосот на општеството на ОАЕ“.