Двааесет војници загинаа во самоубиствен напад во Јемен

од Milan1
12 прегледи

Бомбаш самоубиец денеска активираше експлозив на воен контролен пункт во Јемен, при што загинаа 12 војници, соопштија локалните власти. Нападот се случил на контролен пункт во јужната провинција Абиџан.

„Напаѓачот паркирал автомобил со експлозив до објект на безбедносните сили во областа Мудија“, изјави портпаролот на Преодниот совет на Јужен Јемен, Мохамед ал Накиб.

Засега ниту една група не ја презеде одговорноста, но екстремистите поврзани со Ал Каеда на Арапскиот Полуостров ги засилија нападите врз воените објекти во Јемен.

Слични содржини