Дваесет и двегодишен скопјанец нападнат со стаклен предмет во Карпош

од Radmila Tasevska
164 прегледи

Утрово околу 4 часот, дваесет и двегодишен скопјанец со иницијали А.Л. пријавил дека два часа претходно, го нападнала К.И. со стаклен предмет.

МВР денеска информираше дека настанот се случил во угостителски објект на подрачјето на Карпош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – соопшти полицијата.