Дваесет и првиот век ќе биде век на вселената

од Milan1
10 прегледи

Европската комисија денес го презентираше Законот за вселена на ЕУ, долгоочекувана реформа на регулативите што ќе влијае на брзорастечката вселенска индустрија.

Законот има за цел да создаде единствен пазар за компаниите што обезбедуваат вселенски услуги во ЕУ, а воедно да ги зајакне напорите за зголемување на конкурентноста во однос на Соединетите Американски Држави и другите комерцијални вселенски сили, објавува „Ројтерс“.

Законот, исто така, воведува правила за решавање на растечкиот проблем на вселенската преоптовареност со илјадници сателити во орбитата и 128 милиони парчиња вселенски отпад.

Европската комисија соопшти дека новиот закон, исто така, воведува мерки против заканата од сајбер напади и електронски пречки, како и за промовирање на еколошки одржливото користење на вселенските ресурси.

Законот предвидува безбедно отстранување на сателитите по завршувањето на оперативните активности, задолжителни проценки на ризикот, мерки за сајбер безбедност за вселенските оператори и воспоставување правила за мерење на влијанијата врз животната средина.

„21-от век ќе биде век на вселената и век на нови граници во вселената. Ние сме на почетокот на вселенска револуција“, рече комесарот на ЕУ за вселена и одбрана, Андриус ​​Кубилиус.

Слични содржини