Двајца браќа и една сестра од семејството Мартинјук осумгодишниот Станислав, дванаесетгодишната Тамара и седумнаесетгодишниот Роман, беа убиени во руски воздушен напад врз Житомирската област.
„Денес загубивме три од нашите деца. Учениците од нашето училиште, матурантот Роман, ученичката од шесто одделение Тамара и ученикот од трето одделение Станислав, повеќе нема да доаѓаат во своите училници, да седат во училишните клупи или да им се насмевнуваат на своите пријатели. Војната им го прекина животот“, соопшти училиштето.
Министерот за внатрешни работи на Украина, Игор Клименко, изјави дека децата се од исто семејство. Нивните родители беа тешко повредени во нападот и моментално се на болничко лекување. Според достапните информации, мајката претрпела тешки телесни повреди.