34
– Вчера попладне, 42-годишниот Д.Ј од с. Мирковци пријавил во полиција дека пред неговата куќа дошол М.Е. со уште едно лице и поради нерасчистени должничко-доверителски односи, од огнено оружје испукал еден куршум кон него, но не го погодил, информираат од МВР.
Од МВР известуваат дека бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје, а од местото била подигната една чаура за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.