Двајца млади скопјани пукале врз 19-годишно момче, заработија кривична

од Milan1
28 прегледи

24-годишен и 25-годишен жител на Скопје добија кривична пријава за обид за убиство, за нападот врз 19-годишно момче на 5 октомври на улицата „Цветан Димов“, велат од  МВР.

„Во врска со кривично дело „убиство” предвидено и казниво по чл. 123 во врска со чл. 19 од КЗ, случено на 05.10.2024 на ул. „ Цветан Димов” во Скопје, при што со повреда од огнено оружје се здобил А.Б.(19), од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје преземени се голем број на мерки и истражни дејствија и случајот е расчистен“, соопшти полицијата.

„Денеска (01.11.2024) од страна на ЕНК до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава против Б.Б. (24) за сторено кривично дело „убиство” по член 123 во врска со член 19 од КЗ и Б.З.(25) за сторено кривично дело “убиство” казниво по член 123 во врска со член 19 во врска со член 22 од КЗ“, велат од МВР.

Слични содржини