Двајца повредени откако товарно возило излета од патот Градско-Прилеп

од Milan1
19 прегледи

Двајца повредени е билансот на вчерашната сообраќајна несреќа која се случила на патот Градско-Прилеп во 15:50 часот.

„Товарно возило „рено кангу“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.М.(39) од Битола, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот П.Ј.(30) од Битола, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп“, велат од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Слични содржини