Двајца скопјани се повредиле додека биле на работа

од Milan1
12 прегледи

Двајца скопјани во одделни случаи, во текот на вчерашниот ден се повредиле на работните места и биле пренесени на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Едниот е Д.К.(57) од Скопје кој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во магацин на приватна фирма на подрачјето на Ѓорче Петров. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и за настанот бил запознаен трудов инспектор.

Од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено и дека кај нив со повреди бил донесен Н.Н.(36) од Скопје. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во правен субјект на подрачјето на Гази Баба. За настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

Слични содржини