Двајца словенечки министри дадоа оставки, а премиерот на Словенија свика кризен штаб по убиството во Ново Место

На повиците на опозицијата со кои се бара оставка од целата влада, Голоб одговори дека неговото заминување не може да го врати таткото во живот.

од Бисера Трајковска
16 прегледи

Премиерот на Словенија, Роберт Голоб свика кризен состанок по насилната смрт на жител на Ново Место, на кој министерката за правда Андреја Катич и министерот за внатрешни работи Боштјан Поклукар понудија оставки, а Голоб ги прифати.

Како што јавија словенечките медиуми, на седницата на Советот за национална безбедност беше донесена одлука за зголемување на присуството на полицијата во Ново Место, испраќање дополнителни сили таму од други делови на Словенија и активирање на специјални полициски единици доколку е потребно.

На повиците на опозицијата со кои се бара оставка од целата влада, Голоб одговори дека неговото заминување не може да го врати таткото во живот. Како што посочи, министрите ја презедоа одговорноста.

-Моето заминување би било бегство од одговорноста – сакам да ја преземам за да може животот, не само во Долењска, туку и во цела Словенија, да биде побезбеден во иднина, рече Голоб.

Слични содржини