(ВИДЕО) Дванаесет турски војници починаа од труење со метан во пештера во северен Ирак

од Milan1
22 прегледи

Дванаесет турски војници починаа од труење со метан во пештера во северен Ирак додека бараа тело на турски војник убиен од курдски борци, објави денес турското Министерство за одбрана.

Министерот за одбрана Јашар Ѓулер и командантите на вооружените сили отпатуваа во Ирак за да „извршат увид и проценка“ на ситуацијата и ќе присуствуваат на погреби.

Турција е во војна во северен Ирак од април 2022 година против Курдистанската работничка партија (ПКК), која е активна во Турција со децении.