142
Двајца членови на екипажот загинаа кога хеликоптер „Блек Хавк“ од Националната гарда на Тенеси се урна во американската сојузна држава Алабама за време на обука за летање, соопшти Националната гарда на Тенеси.
Според извештаите, хеликоптерот се урнал во средата околу 15 часот по локално време и се запалил.
Канцеларијата на шерифот на округот Медисон соопшти дека никој не е повреден на теренот при падот на хеликоптерот.