240
Две детонации се слушнале во населените места во Северна Митровица, пишуваат Коха и Репортери.
Според досегашните информации, нема повредени или материјална штета во детонациите што се слушнале синоќа, јавуваат приштинските медиуми.
„Патролни единици на полицијата за јавен ред околу 20 часот и 45 минути и 21 часот и 20 минути пријавиле дека се слушнале две експлозии во Бошњачка Махали и населбата Три Солитера, во Северна Митровица“, соопштија од полицијата, а „Репортер“ јавува дека постои сомнеж дека биле шок бомби.