265
Две момчиња загинаа откако беа погодени од молња викендов во Јужна Африка, јави ДПА.
Децата биле затекнати од силно невреме додека играле фудбал. Додека барале засолниште под дрво, девет деца биле погодени од молња. Од сериозноста на повредите две момчиња починале, а седуммина се згрижени во болница, соопшти денеска полицијата.
Несреќата се случила во близина на градот Шепмур во провинцијата Мпумаланга.
Полицијата започна истрага за инцидентот и ги повика родителите да ги предупредат своите деца да избегнуваат високи, изолирани предмети како дрвја или кули како засолниште за време на грмотевици.