Две години од смртта на легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ

од Radmila Tasevska
170 прегледи

Денес се навршуваат две години од смртта на легендарниот кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ.

Балашевиќ почина на 19 февруари 2021 година во Клиничкиот центар Војводина во Нови Сад како последица на Ковид 19.

„Панонскиот морнар“ почнал да пишува песни во основно училиште, а сонувал да стане фудбалер.

Израснал во Нови Сад, во куќа на улица Јована Цвијиќ, средното образование го напуштил во трето одделение бидејќи не сакал математика, физика и хемија, но успеал да дипломира како вонреден ученик и го поминал приемниот испит за студии по географија.

Беше оженет со Оливера и ги имаше ќерките Јована и Јелена и синот Алекса.