Две лица нападнале малолетник и му го одзеле мобилниот

од Milan1
386 прегледи

Вчера во 14.10 часот и во 15.40 часот во гостиварско Чегране, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода М.Х.(34) од тетовски Пирок и Ф.А.(18) од Чегране.

Тие се сомничат дека со уште едно лице, на 25.10.2021 на ул.„Боге Велјановски” во Гостивар, физички нападнале малолетник од Гостивар и му одзеле мобилен телефон и пари. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Слични содржини