Двесте компании потпишаа иницијатива за четиридневна работна недела

од Aneta Risteska
54 прегледи

Двесте британски компании потпишаа иницијатива за воведување четиридневна работна недела за сите вработени, без намалување на нивните плати, објавија денеска британските медиуми.

Поддржувачите на оваа мерка истакнуваат дека петдневната работна недела е воведена пред сто години во претходната економска ера и дека таа повеќе не служи за цел, пренесува Гардијан.

„Луѓето би имале 50 отсто повеќе слободно време и можност да водат посреќен и поисполнет живот“, вели Џо Рајл од фондацијата која се залага за четиридневна работна недела.

Досега 30 компании веќе ја воведоа оваа мерка, меѓу кои водечки се маркетинг и медиумските агенции.

Нивниот пример го следеа 29 други организации од секторите за хуманитарна и социјална грижа и невладини организации, како и 22 компании од бизнис секторот, ИТ и софтверската технологија кои на своите вработени им понудија четиридневна работна недела.

Photo: Freepik

Слични содржини