ЕУ во актуелните политички преговори меѓу власта и опозицијата мора итно да ги вклучи и Албанците, оти ако тие не се присутни во почетната фаза на преговорите, ЕУ ќе придонесе за продлабочување на етничката недоверба во Македонија и ќе значи исклучување на Албанците како државотворен фактор.

Ова денеска го порача Движење за реформи – ДПА, предводено од Зијадин Села.

„Политичката и институционалната криза во Македонија не е проблем кој ги засега само македонските политички партии, напротив, тие како дестабилизирачки фактор и главни виновници за повреда и негирање на албанските права треба да имаат ограничена улога во овие преговори. Би било исправно ЕУ итно да ја разгледа можноста, во преговорите да бидат вклучени Албанците како стабилизирачки фактор и како странка која има политичка зрелост за преговарање за големи прашања.
Бараме вклучувањето на Албанците да биде сега, а не во подоцнежните фази на преговарање. Убедени сме дека од аферата на прислушување најоштетени се Албанците. Второ, убедени сме дека македонските партии повторно ќе манипилираат со реалната политичка состојба во Македонија“, се вели во соопштението/+Инфо

Слични содржини