Двојно убиство со калашников во Хрватска

од Milan1
259 прегледи

Во Плоче, Хрватска, убиени се две лица, од кои едно наводно малолетно. Убиецот е уапсен.

Утрово околу осум часот во Плоче, хрватска се слушнало пукање, а локалeн портал дознава дека убиени се две лица, а полицијата ги блокирала влезовите во градот, додека го бараат убиецот.

„Дубровнички дневник“ пак јавува дека напаѓачот е уапсен во Опузен.

Наводно, убиени се маж и малолетник и тоа на различни локации.

Портпаролката на полицијата потврди дека напаѓачот е уапсен.

„Полицијата на подраќјето на Опузен пронајде ливе кое се доведува во врска со овие настани. Се работи за маж кој е уапсен, а се наоѓа во полициски простории“, вели таа.

Полицијата соопшти дека се најдени две мртви тела и дека едно лице е уапсено.

„По примени повеќе дојави од граѓани, полицијата утрово околу 8 часот на две различни локации цо градот Плоче, пронајде две мртви тела на машки лица за кои се знае дека починале од насилна смрт“, соопшти полицијата.

Се врши увид на местото, каде пристигнат е и јавен обвинител.

Мажот е уапсен на бензинска во Oпузен, кој е оддалечен 15 км од Плоче.

Сведоци велат дека слушнале пукање и некој како вика: „Фрли ја пушката!“.

Локални медиуми јавуваат дека мажот пукал со калашников, на одлагалиште за отпад, пред станица за технички преглед.

Тој излегол од автомобил и пукал. Вториот маж е убиен во друга населба.

Слични содржини