215
Според податоците на Државниот завод за статистика, во IV тримесечје од 2021 година, активното население во Република Северна Македонија изнесува 937 482 лица, од кои вработени се 795 276, а 142 206 лица се невработени.
-Стапката на активност во овој период е 55.7, стапката на вработеност 47.3, додека стапката на невработеност изнесува 15.2, велат од ДЗС.