Ѕвездата на серијата „Пријатели“ за војната меѓу Израел и Палестина: „Секој обид да се оправда геноцидот…“ (ФОТО)

од Radmila Tasevska
301 прегледи

Бројни светски ѕвезди на социјалните мрежи се рефлектираа на војната во Израел. И додека на самиот почеток на конфликтот многумина од нив беа критикувани за нивниот молк, по неколку дена повеќето од нив решија да се изјаснат.

Така направи и Дејвид Швимер, ѕвездата од серијата „Пријатели“.

Имено, актерот ги сподели своите размислувања со следбениците на својот Инстаграм профил.

„Сабота е денот кога во еден ден беа убиени најмногу Евреи од Холокаустот. Силувањето, киднапирањето, мачењето и убивањето на израелски цивили, вклучувајќи деца, постари и невини, е злосторство. Секој обид да се оправда геноцидот но и да го славиме тоа е неодбранливо“.

Дејвид потоа се надоврза на она што беше кажано претходно:

„Хамас е терористичка организација која ја започна мисијата за истребување на Евреите. Може да се осуди Хамас, но покрај тоа може да се спротивстави на политиката на израелската влада во однос на окупацијата, може да се разбере загубата на палестински цивилни животи, уништувањето на нивните домови, училишта, болници“.

На крајот, тој ја изрази својата тага со следните зборови.

„Тагувам за изгубените невини животи, нивните партнери, семејството, пријателите и се молам за сите исчезнати“.

Слични содржини