ЕЦБ ја задржа каматната стапка на исто ниво: Економијата на еврозоната е сè уште слаба

ЕЦБ сега очекува инфлацијата да ја достигне, па дури и малку да ја надмине целта од два отсто во 2025 и 2026 година.

од Бети Божиноска
321 прегледи

Европската централна банка (ЕЦБ) ја остави каматната стапка на рекордни 4 отсто и покрај очекувањата на инвеститорите дека намалената инфлација во еврозоната во јануари ќе доведе до олеснување на мерките за штедење.

„Иако инфлацијата донекаде се намали, ценовните притисоци остануваат високи, делумно поради силниот раст на платите“, се вели во соопштението на ЕЦБ, додавајќи дека каматните стапки „ќе останат на доволно рестриктивни нивоа онолку долго колку што е потребно“.

Во исто време, централната банка ја намали прогнозата за раст на еврозоната оваа година, а ја намали и прогнозата за инфлација, објаснувајќи дека сè уште постојат ризици за економијата.

ЕЦБ сега очекува инфлацијата да ја достигне, па дури и малку да ја надмине целта од два отсто во 2025 и 2026 година. За годинава прогнозата за инфлација е намалена на 2,3 отсто, од 2,7 отсто во декември.

Кога станува збор за базичната инфлација, која ги исклучува цените на енергијата и храната, прогнозите се намалени на 2,6 отсто во 2024 година, 2,1 отсто во 2025 година и два отсто во 2026 година.

Банката, исто така, ја намали прогнозата за раст за годинава на 0,6 отсто, од 0,8 отсто во декември, што е во согласност со сличните активности на Франција и Германија, двете најголеми економии во регионот. Не толку голем раст од 1,5 односно 1,6 отсто се очекува во 2025 и 2026 година.

Слични содржини