Пејачката Кети Пери одбројува до раѓањето на своето дете. За потсетување, музичката ѕвезда треба да се породи во август годинава.

Еден месец пред породувањето, Кети „скокна“ на блиската плажа во Јужна Калифорнија и ја искористи можноста да плива во Тихиот океан.
Пери носеше виолетов костим за капење, а видлив беше нејзиниот труднички стомак.
Кети очекува дете со својот свршеник актерот Орландо Блум.

