Еден од првите инвеститори во Тесла: Бизнисот е во криза, продадов многу акции

од Milan1
243 прегледи

Еден од најраните инвеститори на „Tesla“ изјави за „Sky News“ дека Илон Маск треба да се повлече од функцијата извршен директор на производителот на автомобили, освен ако не се откаже од својата нова работа во американската влада.

Рос Гербер смета дека советникот на Доналд Трамп го изгубил фокусот со оглед на неговите растечки интереси. Тој потсети дека Маск е на чело на новиот Оддел за владина ефикасност (DOGE).

„Мислам дека на „Тесла“ и треба нов извршен директор и денес решив да почнам да го кажувам тоа. Време е некој да ја води „Тесла“. Бизнисот е запоставен предолго“, предупреди тој.

Падот започна пред Трамп да ја преземе функцијата.

„Има премногу важни работи што ги прави „Тесла“, па Илон треба или да се врати во Тесла и да биде извршен директор на Тесла и да се откаже од другите работни места или треба да се фокусира на владата и да продолжи да го прави она што го прави, но да најде соодветен извршен директор на Тесла“, додаде тој.

Тој се пожали дека бизнисот е „апсолутно“ во криза и дека поради тоа продал значителен број акции во последните месеци. Падот започна непосредно пред Трамп да ја преземе функцијата. Пазарната вредност падна за повеќе од 800 милијарди долари од декември.

Побарувачката за електрични автомобили се чини дека достигна врв на клучните западни пазари и покрај острите намалувања на цените за да се зголеми привлечноста.

„Маск има само 24 часа на ден“

Не треба да се игнорира влијанието на евтината кинеска конкуренција која го „грицка“ пазарот на „Тесла“. Додадете го потенцијалот за зголемени трошоци поради трговската војна на Трамп и не е изненадување што инвеститорите се загрижени, пишува „Sky News“.

Гербер истакна дека иако производите на Тесла се веројатно најдобри во светот, Маск има само 24 часа на ден. Тој е убеден дека Маск посветува премалку време на Тесла од кога го купи Твитер во 2022 година.

Тој додаде дека неговите објави на социјалните мрежи и работата со претседателот оттогаш и донеле на Тесла премногу негативен публицитет. „Угледот на компанијата е уништен од Илон Маск. Продажбата опаѓа, има криза. Буквално не можете да го продадете најдобриот производ на пазарот бидејќи извршниот директор предизвикува поделба”, заклучил тој.

Слични содржини