Еден загинат, 20 ранети во експлозија во базата на група блиска до Иран

од Симе Стоиков
269 прегледи

Најмалку едно лице загина, а 20 се ранети по експлозија во воена база во Ирак што ја користат Силите за народната мобилизација (ПМФ) поврзани со Иран, соопштија безбедносни извори.

ПМФ наведува дека нападот доцна во петокот бил насочен кон воената база Калсу која се наоѓа на околу 50 километри јужно од главниот град Багдад во провинцијата Бабил (Вавилон).

На видеата и сликите од местото на настанот се гледа силна експлозија која запали дрвја во околните области и го рашири огнот. Снимките од базата во саботата наутро покажуваат голем кратер и оштетувања на инфраструктурата и возилата.

ПМФ во соопштението посочи дека „американската агресија ја бомбардира воената база Калсо“, која се наоѓа во близина на градот Искандарија.Војската на САД ги негираше наводите дека стои зад воздушните напади во Ирак.

Ирачката војска во саботата соопшти дека немало дронови или борбени авиони во воздушниот простор на областа Бабил пред или во моментот на експлозијата. Во експлозијата загинал еден припадник на ПМФ, а осуммина се ранети, се наведува во соопштението на армијата.Ранети се лица од ПМФ, војници на ирачкото Министерство за одбрана, како и цивили кои биле во близина на воената локација кога била нападната.

Експлозијата доаѓа еден ден откако Иран собори три квадрокоптери над неговото небо во централниот град Исфаханум, недалеку од воената база во која беа сместени бројни борбени авиони и батерии за противвоздушна одбрана, без извештаи за штета или жртви.

Слични содржини