Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Котор изјави дека земјите кои преговараат со Европската унија треба да бидат дел од политичкиот простор на ЕУ за подобро да се разбере за што се работи и како реформите се спроведуваат во пракса.
Во своето обраќање на Самитот на лидерите на земјите од Западен Балкан, Рама рече дека не треба да се чека да се спроведат сите реформи за ЕУ да ги отвори вратите за земјите од Западен Балкан.
„Треба да бидеме дел од Унијата пред да ги спроведеме сите реформи за да видиме како тоа се спроведува во пракса и за полесно да се прилагодиме на пазарот на кој припаѓаме“, рече Рама.