ЕДИНИЦИТЕ „ВАГНЕР“ НАПРЕДУВААТ ВО БАХМУТ: Борбите се водат на периферијата

од Radmila Tasevska
167 прегледи

Гувернерот на украинската област Доњецк, кој беше назначен од Русија, изјави дека единиците на Вагнер напредуваат во градот Бахмут, како и дека има борби во населените места кои претходно биле под контрола на Украина, пренесе Ројтерс.

– Единиците, особено Вагнер, напредуваат во самиот Артјомовск – го цитираше агенцијата ТАСС, користејќи го руското име за градот.

– Веќе се водат борби на периферијата и во населбите кои до неодамна ги држеше непријателот – рече тој.

Западните воени аналитичари велат дека градот, кој имал предвоено население од околу 70.000 жители, има мало стратешко значење.

Слични содржини