9
Една четвртина од припадниците на генерацијата З, на возраст од 18 до 27 години, попрво би повикале електричар отколку сами да сменат светилка, покажало најновото истражување спроведено во Велика Британија.
Тие плаќаат и до 1.300 фунти годишно за мајстори за мали поправки во домот, како што е промена на светилка, покажува истражувањето, а пренесува британски „Телеграф“.
Причината поради која не сакаат сами да сменат светилка е тоа што користењето скали може да биде премногу опасно или може да се изгорат од жешката светилка.
Истражувањето спроведено од агенцијата „Халфорд“, исто така, открива дека 22 отсто од милениумците, на возраст од 28 до 43 години, признаваат дека исто така би повикале електричар да им ја смени светилката во домот.