Конфликтот во Украина, најголемиот на европско тло во овој век, започна пред точно една година на 24 февруари 2022 година. Претседателот на Русија, Владимир Путин, во специјалното обраќање до граѓаните на Русија, тогаш објави дека донел одлука за започнување на „специјална воена операција“ бидејќи „околностите бараа Русија да преземе решителна и итна акција“ и да помогне на регионите Доњецк (ДНР) и Луганск (ЛНР) и да се стремиме кон „демилитаризација на Украина“. Од друга страна, западните медиуми и политичари го нарекуваат „руска инвазија“, „московска агресија“ или – војна во Украина.
Недолго потоа, следеа бројни воздушни ракетни напади врз градовите низ Украина и инвазијата на руската армија, која започна од три правци. На истокот од земјата, руската армија го нападна украинскиот пристаништен град Мариупол, на запад преку белоруската граница отидоа до нуклеарната централа во Чернобил и започнаа офанзива на Киев, а на североисток Харков.
Во првите недели од војната, Русија успеа да окупира околу 25 отсто од украинската територија, а нејзините војници стигнаа дури и на дофат на главниот град на Украина, Киев. Сега Русија контролира многу помали територии, вкупно околу 15 отсто.
По референдумите организирани во самопрогласените Доњецк и Луганск, како и делови од украинските региони Керсон и Запорожје, кои се под контрола на Москва, Кремљ ги прогласи тие територии за делови од Русија. По неуспешниот напад на Киев, руската армија се повлече од западниот и северниот дел на земјата и се фокусираше на акции во Донбас.
Во текот на изминатата година најжестоките борби се водеа во околината на градовите Мариупол, Северодонецк, Лисичанск и Бахмут.