229
Едно лице загина, а 36 се повредени во експлозија на рачно изработена бомба што се случи денеска на собир на Јеховини сведоци во јужна Индија.
Како што соопшти локалната полиција, во моментот на експлозијата, стотици Јеховини сведоци биле во конгресниот центар Самра во Каламасери, државата Керала.
– Ќе откриеме кој стои зад ова и ќе преземеме строга акција, изјави директорот на полицијата во државата Керала, Дарвеш Сахеб.
Повредените се хоспитализирани.