160
Една жена загина утринава во украинското гранатирање на регионот Белгород, изјави гувернерот Вјачеслав Гладков.
Тој изјави дека во нападот има повредени, пренесува РИА Новости.
Според прелиминарните информации што ги изнесе Гладков, во гранатирањето биле оштетени три здравствени установи и неколку станбени згради.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека утрово системите за противвоздушна одбрана над регионот Белгород собориле осум украински проектили истрелани од ракетниот систем Вампир.
Регионот Белгород се наоѓа на западот на Русија, на границата со Украина.