Едно лице тешко повредено во сообраќајка на патот Штип-Кочани

од Nikola Popovski
250 прегледи

Вечерва се случила тешка сообраќајна несреќа на патот Штип-Кочани. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), едно лице со сериозни повреди е префрлено во болница.

-РЦУК Штип, известува дека во 20:45 часот во с.Чифлик се случила сообраќајната незгода во помеѓу три патнички моторни возила. Сообраќајот на релација Штип -Кочани и Кочани – Штип е во целосен прекин и возилата се пренасочуваат по околните патишта. Едно лице се здобило со тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите е пренесено во Клинички центар во Штип, соопштија од ЦУК.

Слични содржини