41
Европската комисија (ЕК) потврди дека од 10 ноември во земјите од „Шенген зоната“ на Европската унија, стапува на сила електронската пасошка контрола на влез и излез за патниците кои не се државјани на Унијата.
Малта и Ирска, како што е наведено, ќе продолжат да одржуваат гранични проверки и печати во пасошите.
Како што објасни претставник на ЕК, целта е значително да се забрза протокот и следењето на патниците од земјите кои не се членки на ЕУ на границите, бидејќи директната проверка на пасошите ќе биде заменета со електронскиот автоматски систем (EES).