Еколошките организации бараат ревизија и измени на Предлог – нацрт законот за прогласување на Шар Планина за национален парк

299 прегледи

Организациите чиј приоритет е екологијата, бараат ревизија на постоечкиот закон за прогласување на Шар Планина за национален парк.

Имено, истите здруженија бараат законот да претрпи измени, бидејќи како што велат, ќе овозможи изградба на нови хидроцентрали, а постоечките пак, ќе ја деградираат животната средина.

Во оваа иницијатива се вклучени 44 организации кои побараа од Министерството за живтона средина да се промени конкретно Предлог – нацрт законот за прогласување на Шар Планина за национален парк. Тие велат, дека и претходно издадените дозволи за изградба на хидроцентралите не ги исполнуваат еколошките нормативи.

Од ресорното министерство пак, велат дека сите барања, сугестии и предлози ќе ги земат предвид пред да ја донесат конечната верзија од законот. Најважно е како што велат, дека државата нема да дозволи работењето на хидроцентралите да и наштетат на Шара.

Слични содржини