„Еколошкото востание“ на протести и блокади на 50 локации низ Србија поради рудникот Рио Тинто

од Берта Китинска

Движењето Еколошко востание денеска по трет пат ги блокираше улиците во Србија.

Тие се против експлоатацијата на литиум. Клучното барање на демонстрантите е да се избрише од урбанистичкиот план на градот Лозница во западниот дел на Србија планот за изградба на рудник на компанијата Рио Тинто, како и да не се дозволи експлоатација на литиум во други делови на земјата.

Здружението на еколошките организации на Србија, исто така, објави дека за реализација на својата цел го смета прекинот на сите истражувања на странски компании и забраната за експлоатација на минерални суровини на територијата на Србија.

Тие најавија дека ќе продолжат со протести од различни форми и блокади. Саво Манојловиќ, од иницијативата Движи-Промени, иако првично најави прослава на Плоштадот на Републиката доколку формално и законски се исполнат барањата, се откажа од прославата. – Нема да правиме никаква прослава додека луѓето кои се бореа со нас рамо до рамо продолжуваат да се борат, изјави тој. И претседателот на Демократската партија (ДС) Зоран Лутовац, изјави дека во сабота демократите ќе бидат таму каде што ќе има протести . „Еден од пет милиони“, исто така, најавија присуство на протестите.

Слични содржини