Пери Едвардс се пресели во нов дом, откако се раздели со нејзиниот вереник Зејн Малик, соопшти Контактмјузик. Во август минатата година двајцата купија заедно голема палата во Лондон.d914f17daa2ce59cedffe559747920bb

Сега, сепак, станува јасно дека Пери ја напуштила зградата во вредност од неколку милиони фунти, по разделбата со поранешната ѕвезда на бандата “One Direction”, и купила ново живеалиште.

22-годишната пејачка од групата “Литл микс” ги прибрала предметите од зградата со 6 спални што ја купи заедно со Малик за 4,2 милиони фунти минатото лето, и ги однела во новото живеалиште во Сари.

Тоа чинело 1 милион фунти и вклучува 4 спални и голема градина.

“Купувањето на нов дом од Пери е сигурен знак дека таа конечно ја завршува врската со Зејн и почнува нов живот – изјави извор, цитиран од весникот ” Сан “.

– Таа има многу миленичиња, за кои се грижи. Пери нема да е осамена- таа ќе се радува на новиот независен живот “.

Слични содржини