Ескобар: С. Македонија солидно се движи на патот на евроатлантските интеграции

од Nikola Popovski

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија и американски специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска соопштил дека ја напушта функцијата на крајот на месецот, бидејќи му истекува мандатот.

Ескобар на онлајн прес-конференција објаснил дека мандатот на оваа функција три години, дека одамна му е истечен, но побарал да остане уште некое време бидејќи верувал дека ќе има поголем напредок во имплементација на Охридскиот договор меѓу Белград и Приштина и примената на ЗСО, како и пристапот на Косово кон ЕУ.

Тој изразил и надеж дека евроатлантскиот пат на Северна Македонија ќе продолжи и по двојните избори кои се оддржуваат денеска.

Ескобар навел дека е лага информацијата објавена од новинар дека е разрешен поради наводни врски со српската влада и додал дека оваа информација стигнала во јавноста откако ги известил косовските власти за неговото заминување.

Ескобар рекол дека е среќен што неколку земји од Западен Балкан солидно се движат на патот на евроатлантските интеграции, особено Албанија, Северна Македонија и Црна Гора, кои се особено ангажирани во овој процес.

Што се однесува до Босна и Херцеговина, тој посочил дека има чекори кон поголема функционалност, со оглед дека земјата веќе доби статус на кандидат за прием во ЕУ.

Ќе продолжиме да работиме со страните на терен, граѓанското општество, политичарите и другите за да ја искористиме оваа историска шанса. Ја напуштам оваа позиција со уверување дека со нашите постапки придонесовме за помирување и напредок во евроатлантските интеграции, објаснил Ескобар.

Слични содржини