Експерти: Албанската економија ќе западне во рецесија како резултат на растот на цените

од Destan Jonuzi
124 прегледи

Драстичното зголемување на цени ќе ја доведе економијата во силна рецесија, оценуваат албански експерти.

-Експертите посочуваат дека одлуките на Централната банка се неопходни за стабилизирање на цените, но истовремено предизвикуваат и зголемување на трошоците за бизнисите кои имаат кредити во домашната валута лек.

Тоа може да ја влоши финансиската состојба на компаниите но и на банките, јави abcnews.al. Според експертите зголемувањето на каматната стапка ќе биде проблем и за албанските финансии бидејќи ќе влијае на плаќањето на јавниот долг. Предупредуваат дека инфлацијата се очекува да биде уште поголема во наредните месеци, што ќе даде негативни ефекти врз економијата.

Драстичното зголемување на цените предизвика инфлацијата во август да достигне ниво од 8 отсто, што е највисоко ниво во последните две децении, односно по 2002 кога изнесуваше 7,6 отсто.

Слични содржини