310
Едно лице загина, а неколку се повредени утрово во експлозија на бомба во Цетиње, недалеку од тамошниот Спортски центар.
Полициската управа на Црна Гора соопшти дека сите расположливи полициски екипи се на терен.
Во тек е истрага.
Од силината на детонацијата испукани се прозорците на зградите, а откорнато е и дрво, јавуваат локалните медиуми, пишува РТЦГ.
На местото на настанот е и градоначалникот на Цетиње, Никола Ѓурашковиќ.